Последните сателитски снимки на американската приватна компанија Maxar Technologies покажуваат дека Русија ги зголемува своите сили во анектираниот Крим и во близина на Украина.
Сателитските снимки од 23 декември покажуваат база на Крим полна со оклопни возила и тенкови, а таа база во октомври била празна!?
Истовремено, Москва врши притисок врз САД да се согласат на разговори за безбедносните гаранции.
Кремљ во неколку наврати соопшти дека го задржува правото да распореди свои воени сили на руска територија и ги обвинува западните земји дека спроведуваат провокативни воени маневри во близина на нивните граници.
Русија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, „распоредува свои војници на своја територија поради непријателските дејства на нејзините ривали во НАТО, САД и некои европски земји, кои вршат многу амбициозни маневри во близина на нашите граници“.






