Русија суспендирана од Советот на Европа

„Одлуката усвоена денеска значи дека Руската Федерација останува членка на Советот на Европа и членка на релевантните конвенции на Советот на Европа, вклучувајќи ја и Европската конвенција за човекови права“, се вели во соопштението на организацијата јави RT.



Италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо го поздрави потегот, велејќи дека неговата земја „смета дека ова е неопходна мерка во светлината на неприфатливата воена агресија на Русија против Украина, што претставува сериозно кршење на меѓународното право“.

Советот на Европа е формиран по Втората светска војна како институција која ќе има за цел да ги заштити човековите права и владеењето на правото низ целиот континент.

Одлуката уследи по масовниот воен напад на Русија против Украина, за кој Кремљ вели дека е започнат како поддршка на сепаратистичките лидери кои ја повикаа Москва на поддршка.

По одлуката, Владимир Џабаров, прв заменик-претседател на Комитетот за надворешни работи на Советот на Руската Федерација, побара Советот на Европа да ѝ ја врати годишната „членарина“ (околу 32,5 милиони евра) што ја плаќа Москва на институцијата со седиште во Стразбур.

„Почитуван Совет на Европа, ако добро се сеќавам, придонесите се плаќаат на почетокот на годината. Затоа, бидете љубезни, покажете пристојност и вратете го рускиот придонес за тековната година. Сè е фер !!!” објави Џабаров на својот канал Телеграм.