Русија со успешен тест на хиперсоничната ракета „Циркон“ (ВИДЕО)

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека успешно е тестирана хиперсоничната крстосувачка ракета „Циркон“ на далечина од околу 1.000 километри.



Ракетата е истрелана од фрегатата „Адмирал Горшков“ во Баренцовото Море и ја погодила целта во Белото Море, се наведува во соопштението.

Претседателот Владимир Путин го опиша „Циркон“ како дел од новата генерација оружени системи без конкуренција.

Хиперсоничните ракети можат да летаат со девет пати поголема брзина од таа на звукот, а Русија и порано имаше тестирано „Циркон“ од воени бродови и подморници.

Минатиот месец беше извршено пробно лансирање на интерконтиненталната ракета „Сармат“, на запад наречена „Сатана“, која може да носи 10 или повеќе боеви глави и да ги погоди САД.