Русија и Белорусија ги продолжуваат воените вежби кои требаше да завршат денеска. Ова го соопшти белорускиот министер за одбрана, пренесе Ројтерс.
Овој потег дополнително ги зголемува тензиите околу ситуацијата во Украина, бидејќи западните лидери стравуваат од претстојната руска инвазија.
Белорускиот министер рече дека одлуката е донесена „во врска со зголемувањето на воената активност во близина на надворешните граници“ на Русија и Белорусија и поради растечките тензии во регионот Донбас во источна Украина.
НАТО предупредува дека Русија има до 30.000 војници во Белорусија и може да ги искористи за напад на Украина. Од своја страна, Москва категорично ги отфрла овие наводи.
Според Запад, евентуалната руска инвазија на Украина ќе го предизвика најголемиот конфликт од крајот на Втората светска војна.







