Русија сака да влијае во Албанија, вели првиот разузнавач

Директорот на Агенцијата за разузнавање на Албанија, Хелидон Бендо, ја обвини Русија дека се обидува да го прошири своето влијание врз таа земја.



Според приштинска „Коха“, Бендо го рекол тоа во албанскиот парламент, но не навел дали Москва успеала да стигне до повисоките албански политички структури.

„Податоците од 2018 година покажуваат дека има с’е повеќе и повеќе руски обиди да го прошират своето влијание во нашата земја““, тврди Бендо.