Русија сака да молиме на колена за леб и вода, вели Зеленски

„Русија сака да го понижи нашиот народ да моли на колена за леб и вода, и да можат да си ги спасат животите само со одење на окупираната територија или во Русија. Затоа тие ги блокираат Мариупол, Волновахи и другите градови, рече украинскиот претседателВолодимир Зеленски во видео порака објавена денеска.



Тој вели дека неговата влада „работи на повторно обезбедување на хуманитарните коридори од градовите“.

„Автобусите веќе тргнаа, камионите се на пат и превезуваат храна, вода и лекови, рече Зеленски.

Тој ги спомна коридорите до пристанишниот град Мариупол, источниот град под опсада Волновахи и североисточните градови Изјум и Суми.

„Срцето ми се кине кога гледам што им направија окупаторите на нашите градови, на нашата земја, но и што сакаат да му направат на нашиот народ, на кој му е потребна итна помош“, рече Зеленски. (МИА)