Москва, наводно, им порачува на своите вооружени сили дека војната мора да заврши до 9 мај, тврди украинската армија, пишуваат медиуми.
„И покрај широко распространетите извештаи за проблемите со кои се соочуваат силите на Владимир Путин во Украина, на руските војници во земјата наводно претпоставените им било кажано дека војната мора да заврши до 9 мај“, објави Скај њуз.
Имено, од украинската армија велат дека постојана пропаганда има околу 9 мај, датумот кога Русите го слават Денот на победата, кога се слави победата против Германците во Втората светска војна.
Секоја година по тој повод во Москва се одржува голема парада.







