Кремљ ја осуди резолуцијата предложена од двајца американски конгресмени за прекин на признавањето на рускиот претседател Владимир Путин кога ќе заврши неговиот сегашен мандат во 2024 година, како неприфатлива и агресивна демонстрација на официјалното американско мешање во внатрешните работи на Русија, објави Ројтерс.
„Секогаш кога мислиме дека нема ништо поапсурдно, поагресивно, понепријателско и неконструктивно што може да дојде од оваа страна на океанот, секој пат правиме грешка, за жал“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.







