Русија повеќе ќарува од извоз на нафта гас и јаглен, отколку што дава за војната во Украина

Приходите на Русија од извозот на фосилни горива во првите шест месеци од војната во Украина значително ги надминаа трошоците за инвазијата.



Според Центарот за истражување на енергија и чист воздух (CREA) со седиште во Финска, Русија заработила 158 милијарди евра. Ова е во спротивност со цената на војната, која се проценува на околу сто милијарди евра.

Анализата го опфаќа извозот на нафта, гас и јаглен во периодот од 24 февруари до 24 август годинава, оценувајќи ги податоците од поморскиот и цевководниот транспорт.

Тие покажуваат дека ЕУ е најголем купувач на залихи со 85 милијарди евра, а по неа е Кина со 35 милијарди евра.

Во рамките на ЕУ, Германија води со 19 милијарди евра, што ја прави втор најголем купувач на руски фосилни горива во светот, по Кина.

И покрај падот на обемот на извозот, Русија „сè уште остварува рекордни приходи“ од фосилните горива, објаснува анализата на CREA. Њуз.бг