Русија под напад од украински дронови

Русија утринава соопшти дека соборила 13 украински беспилотни летала во обид да го нападне полуостровот Крим и руската престолнина Москва.



Руското Министерство за одбрана соопшти дека двете беспилотни летала биле соборени од нејзината противвоздушна одбрана во близина на Севастопол, поморска база на полуостровот Крим што Русија ја анектираше во 2014 година.

Министерството додава дека уште девет дронови биле пресретнати и паднале во Црното Море.

Два беспилотни летала беа соборени над руската престолнина Москва, дополнително тврди Министерството.

Руски медиуми јавуваат дека едно лице загинало како последица на повредите здобиени во експлозијата на фабриката во Сергиев Посад во близина на Москва. Државните медиуми ја цитираа градската администрација која потврдила дека едно лице починало во болница.

Службите за итни случаи не се сомневаат дека експлозијата била предизвикана од напад на украинско беспилотно летало, од кои многу се случиле во и околу Москва во последните неколку недели.

Во експлозијата се повредени најмалку 45 лица, а некои руски медиуми јавуваат дека бројката е поголема од 50. Повеќе од половина од повредените се во болница.