Русија ожнеала 1 милијарда долари украинска пченица

Ова го пресмета американската вселенска агенција НАСА, цитирана од ДПА.



Околу 5,8 милиони тони пченица беа собрани од полињата во области „кои не беа под украинска контрола“, се вели во студијата, базирана на сателитски снимки и моделирање.

Вкупно, оваа година на територијата на Украина се собрани околу 26,6 милиони тони пченица, што е значително повеќе од претходните прогнози, проценуваат научниците вклучени во истражувачкиот проект.

Пченицата се шверцува во Севастопол каде се товари на мали бродови кои го пренесуваат на товарни бродови.

Иако овогодинешното производство е помало од минатогодишниот рекорд од 33 милиони тони, тој е близу до петгодишниот просек од 27,9 милиони тони.