Русија: Неутрализирана украинската противвоздушна одбрана

Руското Министерство за одбрана соопшти дека противвоздушната одбрана на Украина е неутрализирана, инфраструктурата на воениот аеродром е затворена, а украинските граничари не пружиле отпор.



Од воениот оддел во Москва нагласуваат дека не се напаѓаат украинските градови и на цивилното население ништо не му се заканува.

Руската војска ги негира наводите дека биле соборени пет авиони и руски хеликоптер.

Претходно, во соопштението објавено на официјалната Фејсбук страница на украинското Министерството за одбрана се вели дека тоа се случило денеска во областа на операцијата на Здружените сили во Донбас.

„Здружените сили им даваат отпор на вооружените сили на Руската Федерација. Војската е на позиција. Непријателот трпи загуби“, се вели во соопштението.