„Ние имаме свои вакцини, имаме четири вида, зарем тоа не обезбедува избор?“, изјави Дмитриј Песков – портпарол на рускиот претседател Владимир Путин, според кој сега не се разгледува прашањето за одобрување на употребата на странски вакцини во Русија.
Русија досега одобри четири вакцини, вклучително и Спутник V, кои Москва се обидува да ги извезе низ целиот свет.
- Европската агенција за лекови (ЕМА) ја разгледува апликацијата за одобрување на вакцината Спутник В во Европската унија.
Песков рече дека меѓусебното признавање на вакцините меѓу ЕУ и Москва е „на дневен ред“, но дека преговорите сè уште не се ниту започнати.






