Русија не сака да се решат замрзнатите конфликти на Балканот?


Русија не посакува замрзнатите колфикти на Балканот да се решат бидејќи тие го држат Западен Балкан подалеку од НАТО и Европската унија.



Но, Русија не сака ни конфликтите да станат активни, бидејќи и таа има своја црвена линија, изјави за Радио Слободна Европа заменикот главен и одговорен уредник на рускиот Карнеги центар Максим Саморуков.

Тој оцени дека Русија не сака конфликтот меѓу Србија и Косово да се реши.

Поддршката од Русија во овој период е клучна за Србија, пред сè, поради ситуацијата со Косово. На Србија и е потребна Русија на меѓународно ниво и нејзината моќ во ОН, за да спречи целосно признавање на Косово.

Штом се реши спорот, Русија веќе нема да и биде толку привлечна на Србија.