Русија не сака да ја види Македонија во ЕУ, вели Петровска

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во видео интервју за „24 инфо“ изјави дека и таа, и јавноста во Македонија се свесни дека Русија не сака да ја види земјава во Европската унија.



„Јас сум свесна и јавноста е свесна дека особено Руската Федерација не сака да ја види Република Македонија како земја членка на ЕУ. Меѓутоа, останува на нас, прогресивните сили во државата, тој пат кон ЕУ на нашата држава да го обезбедиме во иднина“, изјави Петровска.