Ова го изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, запрашан за нуклеарното оружје, кое постојано се споменува од почетокот на руската инвазија.



„Русија ќе го користи само ако нејзиното постоење е загрозено“ изјави портпаролот.

Тој повтори дека целта на руската инвазија на Украина не е окупација на земјата, пренесе руската државна новинска агенција ТАСС.

Вели дека никој не сметал дека „специјалната воена операција“ во Украина ќе трае само неколку дена и дека целата кампања се уште се планира.

Минатиот месец рускиот претседател Владимир Путин нареди нуклеарните сили на Русија да бидат ставени во состојба на готовност.

Во согласност со наредбата, руското Министерство за одбрана на 28 февруари објави дека нејзините нуклеарни ракетни сили и Северната и Пацифичката флота се ставени на засилена борбена должност, пренесе новинската агенција Интерфакс.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на 14 март изјави:

„Изгледите за нуклеарен конфликт, некогаш незамисливи, сега се враќаат во доменот на можностите“.