Русија побара од НАТО да го повлече ветувањето дадено во 2008 година на Украина и Грузија дека еден ден ќе биде членка на алијансата и побара НАТО да се обврзе да не распоредува оружје во земјите кои граничат со Русија



Руското Министерство за надворешни работи ги објави овие безбедносните гаранции кои претседателот Владимир Путин вели дека сака да ги добие САД и нивните сојузници.

„Во фундаментален интерес на европската безбедност, неопходно е официјално да се откаже од одлуката од самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, Украина и Грузија да станат членки на НАТО“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи, пренесува Ројтерс.

Соопштението уследи по овонеделната виртуелна средба меѓу Путин и американскиот претседател Џо Бајден, на која доминираше темата Украина.

Украина моментално е во центарот на кризата на Истокот и Западот.