Русија може да ја нападне Украина по ,,Косовското сценарио” на НАТО

Русија може да ја нападне Украина по ,,Косовско сценарио” на НАТО смета дипломатскиот уредник на BBC Марк Урбан.



,,Некои руски набљудувачи спомнаа дека Путин можеби планира тесно да ги моделира операциите според кампањата на НАТО против Југославија во 1999 година над Косово. Се чини дека првите чекори го потврдуваат ова: употребата на „геноцид“ од Путин плус создавање „бегалска криза“ со отстранување на граѓаните на Донбас. Со информациите дека во петок Русија ќе го „удри“ Киев (преку воздух а не да вози до таму), може да се отслика акцијата на НАТО против Белград плус напади на инфраструктурни цели како мостот Нови Сад”, пишува Урбан.

Уредникот на BBC вели дека треба да се напомене дека воената конструкција на Русија вклучува ракети Искандер, крстосувачки ракети и ескадрили од авиони кои би можеле да се искористат за да се нападнат цели длабоко во Украина во обид да се разбие владата на Зеленски.

Во ова сценарио на руската операција ,,Косплеј”, (Косовска игра) копнените сили ќе се преселат во Донбас за да ги одвратат украинските сили, да го избегнат ризикот од геноцид „и може дури и да ги употребат“ мировните тактики распоредени во други постсоветски интервенции.

,,Преку пресликување на тактиките плус пораките употребени од НАТО во 1999 година, Кремљ може да се надева не само да го трола западниот сојуз во историски размери, и да го потенцира агресивниот карактер на НАТО, гледан од Москва, туку и да се тврди дека неговите постапки биле оправдани со преседанот што НАТО го направи во 1999 година во Србија поради Косово”.