Каја Калас, премиерка на Естонија ја предупреди нацијата дека е можно прекин на електричната енергија доколку Русија ги исфрли балтичките земји од заедничката електрична мрежа.
„Мораме да бидеме подготвени и Русија да ги исклучи Естонија, Летонија и Литванија од нивната електрична мрежа“, рече таа во телевизиско обраќање.
„Би било мудро да се биде подготвен за можни прекини на електричната енергија – тоа ги вклучува јавните власти, компаниите и секој поединец“, додаде таа, опишувајќи ги какви било прекини како „привремени“.
Триесет години по отцепувањето од тогашниот Советски Сојуз и 17 години од пристапувањето во ЕУ, балтичките земји Литванија, Летонија и Естонија сè уште зависат од Русија за стабилно снабдување со електрична енергија.






