Руската војска користи нова генерација борбени ласерски системи во Украина, изјави вицепремиерот за воено-индустрискиот комплекс Јуриј Борисов на Првиот канал на руската државна телевизија.
„Да, првите примероци веќе се користат“, одговори тој на прашањето дали ова оружје се употребува за време на „специјалната воена операција“.
Според заменикот-претседател на Владата, системот е способен да уништи беспилотни летала за пет секунди на растојание од пет километри.
„Ако ‘Пересвет’ ги заслепува непријателските системи, тогаш новото оружје го користи принципот на термичко оштетување – ги согорува“, објасни Борисов, додавајќи дека таквите ласери се потребни за да не се користат скапи ракети како „Панцир“ и „Тор“.
Вицепремиерот прецизира дека комплексот го добил името „Задира“.





