Русија ќе трампа храна за муниција од Северна Кореја

САД имаат нови информации дека Русија активно бара да добие оружје од Северна Кореја во замена за помош во храна, соопшти Белата куќа.



Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби изјави дека Вашингтон е загрижен дека Пјонгјанг ќе ги поддржи воените операции на Русија против Украина, пренесе Ројтерс.

Кирби изјави и дека Русија сака да испрати делегација во Северна Кореја за да понуди храна во замена за оружје и муниција.

Американскиот министер за финансии Џенет Јелен изјави дека Русија, која изгубила повеќе од 9.000 парчиња тешка воена опрема од почетокот на војната, се свртува кон добавувачи како Иран и Северна Кореја поради мултилатералните санкции.