Британското Министерство за одбрана во најновиот извештај тврди дека руските власти подготвуваат голема кампања чија цел е да регрутира дополнителни 400.000 војници.
Русија, се наведува, планира да регрутира доброволци или професионалци во таа кампања наместо да воведе задолжителна мобилизација. Постои реална веројатност, тврдат британските разузнавачи, дека во пракса разликата ќе биде нејасна и регионалните власти ќе се обидат да ги заменат нивните стандардни бројки за регрутирање со принудување на мажите да се приклучат на армијата.
Руските власти, според британските разузнавачи, најверојатно се одлучиле за т.н „волонтерски модел“ со цел да се заменат загубите на военасила и да се минимизира противењето на војната дома.
Многу е неверојатно дека планираната кампања ќе успее да привлече 400.000 вистински волонтери, се вели во извештајот.
Британското Министерство за одбрана го објави најновиот извештај на своето воено разузнавање за ситуацијата поврзана со војната во Украина. Руските медиуми, се вели во извештајот, сугерираат дека властите подготвуваат голема кампања за регрутирање чија цел е да регрутира дополнителни 400.000 војници.
Русија, се наведува, планира да регрутира доброволци или професионалци во таа кампања наместо да воведе задолжителна мобилизација. Постои реална веројатност, тврдат британските разузнавачи, дека во пракса разликата ќе биде нејасна и регионалните власти ќе се обидат да ги заменат нивните стандардни бројки за регрутирање со принудување на мажите да се приклучат на армијата.
Текстот продолжува под огласот
Руските власти, според британските разузнавачи, најверојатно се одлучиле за т.н „волонтерски модел“ со цел да се заменат загубите и да се минимизира противењето на војната дома. Многу е неверојатно дека планираната кампања ќе успее да привлече 400.000 вистински волонтери, се вели во извештајот.
Но, обновата на руските воени капацитети и борбената моќ во Украина ќе бара повеќе од работна сила, се вели во извештајот. На Русија и треба повеќе муниција и опрема отколку што моментално располага, заклучуваат разузнавачите.






