Русија ќе го плаќа државниот долг и ќе купува увозни стоки – со рубљи

Рускиот министер за финансии изјави дека Русија ќе го сервисира својот државен долг во рубљи, вклучително и деноминации во странска валута, додека дел од нејзините резерви не се одмрзнат.



„Ми изгледа апсолутно фер да кажам дека не одбиваме да ги покриеме долговите на државата, да ги плаќаме во рубљи додека не се одмрзнат нашите златни и девизни резерви“, рече министерот за финансии Антон Силуанов, пренесе Њуз.мк

Поради санкциите на САД, Европа и нивните сојузници, речиси половина од златните и девизни резерви на Русија не можат да користат или околу 300 милијарди долари, пренесе агенцијата Интерфакс.

„Вкупниот обем на нашите резерви е 640 милијарди долари, околу 300 милијарди долари од резервите сега се во состојба во која не можеме да ги искористиме“, рече тој.

„Мораме да плаќаме за критичниот увоз: храна, лекови и голем број други витални стоки. Но, повторувам, долговите што треба да ги платиме кон земјите кои беа непријателски настроени кон Руската Федерација и воведоа такви ограничувања за употребата на златото и девизните резерви – на овие земји ќе им плаќаме во рубљи“, рече Силуанов.