Русија ќе го бојкотира состанокот на Советот за безбедност на ОН

Русија ќе го бојкотира заедничкиот состанок на Советот за безбедност на ОН со Комитетот за политика и безбедност на ЕУ, пренесува АФП.



Ова е уште еден сигнал за влошување на односите меѓу Москва и нејзините партнери во ОН.

Според руски дипломатски извор, кој побарал анонимност, одлуката на Москва е поврзана со ситуацијата во Украина.

Западен дипломат истакна дека Русија не бојкотирала состанок на Советот за безбедност по инвазијата на Украина на 24-ти февруари.