Европа е информирана дека Газпром ќе го затвори гасоводот Северен тек 1 кон Германија од 31 август до 3 септември.
„Единствената исправна пумпна единица Трент 60 ќе биде запрена три дена поради одржување и превентивно одржување“, се вели во соопштението на руската нафтена компанија, пренесува Гардијан.
Низа рутински процедури, во согласност со актуелниот договор за одржување, ќе извршат експерти на компанијата заедно со колегите од „Сименс”, прецизира Газпром.
Европските влади стравуваат дека Москва би можела да го продолжи овој прекин со цел да врати за санкциите што беа воведени против Русија по инвазијата врз Украина.
Рускиот прекин и намалувањето на снабдувањето ги зголемија цените на гасот и ги принудија европските влади да се борат за алтернативни испораки пред зимата.






