Русија издаде потерница по судијkата на Меѓународниот кривичен суд, Томоко Акане, кој го потпиша налогот за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и народниот правобранител за правата на децата Марија Лвова-Белова.
Името на судијата е додадено листата барани во базата на руското Министерство за внатрешни работи, пишуваат медиуми
Јужна Африка ќе го апси Путин ако се појави на самитот на БРИКС
Потерницата за Владимир Путин и Лвова-Белова беше издадена од МКС на 17 март по обвинение за воено злосторство при илегална депортација на украинското население, вклучително и деца.
Акане е вториот судија на МКС кој е ставен на листата на барани лица во Русија, откако судијата Росарио Салваторе Аитала се појави во базата на податоци минатиот месец.
Во мај, руското Министерство за внатрешни работи, исто така, го стави обвинителот на МКС, Карим Кан, на листата на барани лица.







