Русија им посака успех на македонските спортисти на ЗОИ во Пекинг!

По вчерашната честитка за 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, опишувајќи го како „народен херој кој стана симбол на ослободителната борба во Македонија“, Амбасадата на Руската Федерација во Македонија им посака успех на македонските спортисти на Зимските олимписки игри во Пекинг.