Русија и ја „скина“ струјата на Финска

Фингрид, финскиот национален мрежен оператор, потврди за Скај њуз дека Русија го прекинала испорачувањето струја за Финска.



Реима Паивинен, виш потпретседател на Фингрид, рече дека се „убедени дека нема да има големи проблеми”, а се очекува Шведска да помогне.

Електричната енергија од Русија сочинува околу 10 % од вкупната потрошувачка на Финска.

Ова дојде откако Финска потврди дека ќе поднесе барање за членство во НАТО. МИА