Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руските сили погодиле воен воз на железничката станица Чаплино во украинската област Днепропетровск, пренесува Ројтерс.



Киев соопшти дека 25 цивили биле убиени во рускиот напад во средата, за кој украинските власти рекоа дека биле насочени кон станбени области.

Русија вообичаено негира дека нападнала цивили во, како што ја нарекува, „специјална воена операција“ во Украина.