Русија ги прекинува испораките на гас за Кина

Гаспром најави дека ќе ја прекине испораката на гас преку гасоводот „Силата на Сибир“ меѓу 22 и 29 септември поради планирани работи околу одржувањето.



Компанијата објави дека според договорот со кинеската национална нафтена корпорација (CNPC) ваквото одржување е планирано двапати годишно, во пролет и во есен, пренесува Ројтерс.

„Газпром“ и „CNPC“ потпишаа договор за пренос на плаќањата за испорака на руски гас во Кини во јуани и рубли наместо во долари, објави руската компанија на почетокот на септември.