Русија покани експерти од Обединетите нации и Црвениот крст да ја истражат смртта на десетици украински воени затвореници во затвор што го држат проруските сепаратисти, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Министерството наведува дека постапува „во интерес на спроведување објективна истрага“ за нападот на затворот на почетокот на неделата.
Сепаратистите рекоа дека се убиени 53 затвореници припадници на одредотАзов и го обвинија Киев за гранатирање на затворот.
Вооружените сили на Украина ја отфрлија одговорноста, велејќи дека руската артилерија го гаѓала затворот за да ја прикрие злоупотребата на затворениците.







