Соединетите Држави ја вовлекоа Европа во своите војни со санкции против Русија и ги турнаа европските земји кон невработеност, затворање бизниси и други страшни дилеми, вели претседателот на руската Државна дума, Вјачеслав Володин.
„Американците купуваат енергенси по една цена, но ги продаваат во Европа по четири пати повисоки цени. Покрај тоа, тие ја вовлекоа Европа во нивните војни со санкции против Русија и ги ограничија нашите проекти кои овозможија користење евтина енергија, што беше основа на индустрискиот развој на Германија, Франција и други земји“, нагласи Володин.
Политико: Европа ја обвинува Америка дека профитира од војната во Украина
Според него, „лидерите на земјите од ЕУ конечно почнаа да сфаќаат дека руските енергетски ресурси се основата на европскиот просперитет, но САД беа првите што презедоа чекори за намалување на нивниот проток конЕвропа и почнаа да ги заменуваат со свои ресурси.
„Сега можеме да го видиме резултатот“ истакна претседателот на Државната дума.






