Русија бара седница на СБ на ОН за испораките оружје од Запад за Киев

Русија побара отворена седница на Советот за безбедност на ОН поради „испораките на оружје од Запад“ за Украина, изјави во петокот заменик-претставникот на Москва во светската организација Дмитриј Полјански.



„Со оглед на зголемените испораки на западно оружје за режимот во Киев, кои ја влошуваат кризата и ги поткопуваат напорите за изнаоѓање мирно решение, бараме отворен состанок на Советот за безбедност на ОН на 17 август“, напиша тој на Телеграм.

Веста доаѓа еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден официјално побара од Конгресот да одобри 20,6 милијарди долари дополнително финансирање за Украина, вклучително и 13 милијарди долари воена помош.