Руските предлози за безбедносни гаранции вклучуваат повлекување на силите на НАТО од Бугарија и Романија, двете земји кои се приклучија на алијансата по 1997 година, соопшти руското Министерство за надворешни работи, јави Ројтерс



„ Станува збор за повлекување на странски сили, опрема и оружје, како и други чекори за враќање на конфигурацијата од 1997 г. на територијата на земји кои во тоа време не беа членки на НАТО.

Тука спаѓаат и Бугарија и Романија“, соопшти Министерството за надворешни работи во писмените одговори на прашањата за годишната прес-конференција на Сергеј Лавров.