Полицијата уапси повеќе од 3.000 луѓе низ Русија, обидувајќи се насилно да ги запре протестите на илјадници демонстранти кои бараат ослободување на опозицискиот лидер.
Меѓу уапсените е и неговата сопруга, која на Инстаграм објави своја фотографија на која пишува: „Извинете за лошиот квалитет. Светлото во полициското комбе е слабо “, напиша Јулија Навалнаја, која, според официјален извор во московската полиција, подоцна била ослободена без да даде официјална изјава.
Меѓу уапсените е и Љубов Собол, истакната соработничка и адвокат на Навални, а видеото од апсењето е споделено на социјалните мрежи:






