На меѓународниот аеродром Шереметјево полициските службеници од Русија на своите колеги од Македонија им предале државјанин кој се барал за нанесување тешка телесна повреда.
„Според достапните информации, Амел Смаиловиќ во 2016 година во еден од рестораните во предградието на Скопје, Република Северна Македонија, при кавга го удрил противникот по глава. Како резултат на тоа, жртвата е повредена“, изјави официјалната претставничка на руското Министерство за внатрешни работи, Ирина Волк.
Во септември 2021 година Смаиловиќ бил приведен во Сочи.
Тој беше осуден според став 1 од чл. 131 од Кривичниот законик на Република Македонија на 1 година и 4 месеци затвор за намерно нанесување тешка телесна повреда во ресторан во скопското село Батинци. Поради избегнување на издржувањето на казната, Основниот суд Скопје 1 издаде два налога за негово апсење и распиша потерница.





