Амбасадорот на Русија во САД, Анатолиј Антонов изјави дека 27 вработени во руската дипломатска мисија ќе ги напуштат САД до 30 јануари, а уште 28 до крајот на јуни. „Американците во септември минатата година ни предадоа список од 55 вработени кои треба да ја напуштат Америка во две фази во 2022 година.
По овој чин, во руската амбасада ќе останат уште 184 вработени, меѓу кои и дипломати и административно-технички персонал.
Како што додаде амбасадорот, Москва има право да возврати со иста мерка, пренесува „Спутник“.
Антонов пред два дена изјави и дека Стејт департментот го покренал прашањето за негово заминување од Вашингтон во случај Русија да не му издаде безбедносна виза на американскиот амбасадор во Москва.

А






