Консултативна средба за билатералните односи на Бугарија и Македонија и очекуваната покана од Европската унија за почеток на преговорите за членство ќе се одржи во понеделник на иницијатива на претседателот Румен Радев.
Средбата, како што јавуваат бугарски медиуми жер биде на тема „Разгледување на билатералните односи меѓу Република Бугарија и Република с.Македонија во контекст на резултатите од работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и едукативни прашања и очекуваната покана до Република Северна Македонија за пристапување во Европската унија “.
На средбата покрај шефот на државата Радев, ќе присуствуваат спикерот на бугарскиот парлемент, Цвета Карајанчева, премиерот Бојко Борисов, вицепремиерката и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, шефовите на парламентарните групи, претседателите на Комисијата за надворешна политика и на Комисијата за европски прашања…
Бугарски медиуми потсетуваат дека преговорите на заедничката историја на Бугарија и Македонија неодамна започнаа да забавуваат, а седмата последователна средба на мешовитата Комисија за историски прашања, што се одржа на 13 септември, беше оценета како најнеусшпешна бидејќи повторно не успеа да сепостигне консензус за прашањето околу Гоце Делчев.





