Бугарскиот претседател кој се наоѓа во Азербејџан, го откажал учеството на десеттиот глобален форум во Баку, поради позитивен тест на Ковид-19.
Тој направил уште 2 теста кои биле негативни.
Румен Радев не покажува симптоми на болеста, но сепак одлучи да го откаже учеството на форумот, соопшти прес-службата на шефот на бугарската држава, пренесуваат медиуми.
Претходно Румен Радев имаше видео конференција со неговиот колега од Азербејџан Илхам Алиев а тема била намерата на азербејџанската државна нафтена компанија СОКАР ќе отвори канцеларија во Бугарија.






