Русија се обидува да ја подели Украина на два дела за да создаде регион под контрола на Москва, откако не успеа да ја окупира целата земја, изјави шефот на украинската воена разузнавачка служба.
„Всушност, тоа е обид да се создадат Северна и Јужна Кореја во Украина“, вели Кирило Буданов, додавајќи дека Украина наскоро ќе започне герилска војна на територијата окупирана од Русија.
Руската војска во петокот соопшти дека сега ќе се фокусира на „ослободувањето“ на источна Украина, велејќи дека ги исполнила првичните цели на инвазијата на Украина на 24 февруари.
„Борбените способности на украинските сили се значително намалени, што ни овозможува (…) да се фокусираме најмногу на главната цел: ослободување на Донбас“, рече заменик-началникот на Генералштабот на руската армија Сергеј Рудској.
Според негом, 93 отсто од територијата на регионот Луганск и 54 % од територијата на регионот Доњецк се под руска контрола.
Самопрогласената Народна Република Луганск, во источна Украина поддржана од Москва, наскоро би можела да одржи референдум за приклучување кон Русија, изјави во неделата локалниот лидер Леонид Пашечник, пренесуваат проруските локални медиуми.







