Колумнистот на Слободен печат и финансиски консултант Руди Лазаревски тврди дека одлуката Македонија да добие условен датум за преговори за една година е силен удар за владата на Заев. Тврдењата дека Македонија добила датум за преговори во ЕУ ги отфрла како лажни.
“Да не се лажеме. Македонија нема автоматски датум за почеток на преговори во јуни 2019. Вечерва го прочитав оргиналниот документ. Професионално не верувам на медиумски шопинг преводи. Франција и Холандија виртуелно во моментов ја срушија оваа храбра влада”, пишува Лазаревски.
Лазаревски ова тврдење го дава како одговор на ставот на новинарката Светлана Јовановска која живее во Брисел а која тврди дека Македонија има датум за преговори со ЕУ но не е сигурна дали граѓаните се свесни за тоа!
Според Јовановска тие што имаат забелешки на одлуката не и сакаат добро на Македонија.
“Да, 2019 година но веднаш почнува чешлањето на нашето законодавство а тоа е голем поттик за напредок. Овој ден го чекаме од декември 2005 година.
Оние што имаат замерки и не го гледаат значењето на оваа одлука не и сакаат добро на Македонија. Или им сакаат добро на нивните сопствени џебови. За жал во Македонија има многу такви”, пишува Јовановска која е сестеа на новинарот Борјан Јовановски.





