,Рубља патриоти” ,,забележани” на Илинденска и Бихаќка (ФОТО)

Дел од владините пропагандисти блиски на СДСМ постојано го користат терминот ,,Рубља патриоти” во обид да прикажат дека тие што ја критикуваат владата и реално ја прикажуваат состојбата во земјава, тоа го прават поради некаква врска со Русија.



Според лажната теза на пропагандната машинерија платена од СДСМ дел од медиумите и политичарите не ја напаѓаат владата затоа што не работи добро туку затоа што се платени од Москва.

Од пред десетина дена користењето на терминот ,,Рубља патриоти” драстично се намали а причината е едноставна.

Нарачателите на употреба на оваа фраза на Илинденска и Бихачка станаа ,,Рубља патриоти” и то не само на база на лажни и непотврдени шпекулации туку официјално со документи.

Според руски официјални државни извори Македонија е една од земјите кои што се согласиле руските енергенси да ги плаќа во руската валута рубља.

На списокот што го објавува Москва има повеќе земји кои веќе се согласиле и набавуваат гас со кој бара руска шема односно со помош на рубљи.

Меѓу нив освен Македонија се и Германија, Франција, Италија, Австрија, Унгарија и Словачка.

Македонија користи само 0,1 процент од рускиот гас кој се извезува.