Актерот Рубенс Муратовски во свој стил ја коментира вчерашната одлука на Владата придавката „македонска“ да се замени со „национална“ во името на 136 државни институции.
„Дали сега Националист значи Македонец?“, прашува Муратовски на својот профил на Твитер.
За истата тема уште два твита од него:
„Според имињата на националните институции еден заклучок е неизбежен. Националност = националец?“.
„Тој : Национална филхармонија.
Јас : А на која нација?
Тој : А бе ти не сакаш криминалците од ВМРО да лежат затвор?
Јас : ммакхкцкрквџдттрффгкѕкгкдкгхг да ти хгфффгвффтхдсљдгфње!“.





