РТ: Украина отфрли преговори, руските напади продолжуваат

Руската воена операција во Украина продолжи откако раководството во Киев одби да преговара, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.



САД: Преговори Киев-Москва кога Путин ќе ја повлече војската

Претседателот Владимир Путин претходно им наредил на руските трупи да го запрат напредувањето, додека чека одговор од Киев, соопшти Москва, пренесе Раша тудеј.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека е подготвен да седне на разговори со Русија со цел да се стави крај на непријателствата меѓу двете земји.

Истиот ден, Песков им изјави на новинарите дека Москва е подготвена да одржи разговори во Минск, Белорусија.

Сппоред Песков украинската страна прво понудила средбата да се пресели во Варшава, Полска, наместо во Минск како што предложи Москва, но потоа престанал да одговара.