„Најниската плата за најнизок степен на сложеност во секторот образование изнесува 12.000 денари.
Знаете ли која е минималната плата од 12.000 денари? Онаа од 2017 година! – прашува Томислав Гиевски – претседател на Независниот синдикат за образование и наука во разговор за Радио слободна Европа.
„Ние живееме со платата од 2017 година кога минималната плата е 12.000 денари, а денеска е 20.175 денари.
Минималната плата беше зголемена во март оваа година за 2.175 денари, од дотогаш 18.000 денари на 20.175 денари.
Зголемувањето беше направено според новата методологија за усогласување донесена во 2022 година по преговорите меѓу Владата, синдикатите и работодавачите.
Минималната плата порасна за 12,55 проценти, додека во меѓуврме платите на функционерите пораснаа за 78 отсто.
Синдикатот на просветните работници реагираше и дека многу вработени земаат скоро двојно помалку до законски утврдената минимална плата. На протест во Скопје на 24 мај тие побараа Владата да ги почитува колективните договори и да добијат покачувања на начин како што добиле функционерите: коефициент од 2.5 да помножен со минималната плата, како што велат, за да добијат „достоинствено вреднување на трудот на просветните работници“.
Во контекст на ова да споменеме дека легендарната Голда Меир, петтиот премиер на Израел еднаш изјави:
„Ако сакате да изградите земја во која нејзините синови и ќерки ќе се вратат, ако сакате да изградите земја што тие ќе ја напуштаат само во сезоната на празници, ако сакате да изградите земја во која нема страв од иднината, тогаш направете само два чекори:
1- Изедначете ја корупцијата со предавство и корумпираните службеници со предавници до седмо поколение.
2- Направете ги трите професии најдобро платени и почитувани – војска, наставници и доктори.
И што е најважно – работа, работа и само работа, затоа што никој освен тебе нема да те заштити, никој нема да те храни освен тебе, а твојата земја ти е потребна само на тебе и на никој друг.
Кога ова нема да остане само на зборови и едноставен слоган, туку ќе стане начин на живот за вас, тогаш сте ја постигнале целта.“







