РСЕ: Тунел под Шар Планина за пат до Призрен е – „научна фантазија“

Станува збор за пат со кој треба да се пресече една од најголемите планини во земјава, Шар Планина, со тунел долг 6,4 километри.



Ако од ветениот автопат од Скопје кон Косово е завршено само промотивното видео како би изгледал, за најавуваниот пат од Тетово до Призрен нема ни видео, изготвена е само физибилити студија.

Децениското предизборно ветување на владејачката ДУИ за изградба на пат со кој ќе се скрати патувањето од Тетово до Призрен од 108 километри на 40,6 километри е далеку од поставување на градежна машинерија на терен, пишува Радио слободна Европа.

Градежните експерти со кои разговараше РСЕ тврдат дека тоа тоа е тежок и навистина скап зафат, што во македонски услови, е речиси неизводлив. Ако не го плати некој друг, а таков нема.
Во меѓувреме, автопатот од Кичево до Охрид се гради со години, пругата кон Бугарија е веќе историски проект, а автопатиштата што треба да и гради Бехтел и Енка, сеуште се само во најава, потсетува Радио слободна Европа.