Утре во Белград ќе се одржи собир за поддршка на политиката на актуелниот српски претседател Александар Вучиќ , на кој, како што се дознава, ќе има „организиран превоз“ на поддржувачи и од Македонија.
„Најмалку 300 граѓани од Тетово, Неготино, Куманово и Скопје се подготвуваат в петок рано наутро да заминат со вкупно 6 автобуси во Белград откако се одѕваа на повикот на српскиот претседател Александар Вучиќ“, велат за РСЕ организаторите на бесплатниот превоз од Македонија.
Протестот во организација и по повикот на Вучиќ, доаѓа откако откако во изминатиов месец се одржуваат протестите против насилство во земјата по двете масовни убиства со повици за оставка за Вучиќ и министерот за внатрешни работи.
Организацијата на бесплатниот превоз до Белград на овој собир засега се одвива во Скопје и Куманово, а и двајцата организатори јавно негираат дека добиле поддршка од српската влада.
Едната е невладина организација од Скопје „Мир, слога и стабилност“, која организира 4 автобуси за околу 200 луѓе, а втората е приватна режија за еден до два автобус, дознава Радио слободна Европа.







