Од многу објаснувања, договорот со Бехтел и Енка, уште понејасен, анализира РСЕ.мк.
Не е од сега, но стана правило. Ако власта не може да истурка набрзина некој закон, му лепи европско знаменце. И не е важно што тоа нема врска со реформски закони за доближување до Европската Унија, па дури и не се земаат предвид ни предупредувањата од претставниците на ЕУ дека тоа не е во ред.
Најнов пример е пакетот закони кои треба да се сменат, во насока на исполнување на преземените обврски од Владата за договорот со Бехтел и Енка за изградба на автопатишта. Овие закони требаше да бидат донесени пред потпишувањето на договорот, пишува во текстот.
Линк до целата анализа.







