РСЕ: СДСМ во битка за власт сee страв од ВМРО-ДПМНЕ

Дали тактиката на власта да игра со емоциите на граѓаните со „закана од злото“ алудирајќи на ВМРО ДПМНЕ е погрешен пиар кога станува збор за локалните избори – прашува новинарката Марија Митевска во анализа на Радио Слободна Европа.



Ние сме борбата против злото“, вака гласеше една од пораките на премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи по првиот круг од локалните избори на кои СДСМ освои помалку градоначалници отколку ВМРО-ДПМНЕ. Тој порача и дека народот на 31 октомври кога е вториот круг од гласањето ќе одлучи дали е за слобода, демократија, интеграции и дома и во ЕУ или е за молк, режим и нови поделби дома и кавги со соседите и светот.

Ваквите изјави на премиерот Заев не само што потсетуваат на реториката на поранешниот премиер Никола Груевски, туку генерално тоа е политиката на СДСМ во целиот предизборен период, вели за РСЕ деканот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски.

„Што се покажа како неправилна, лоша позиција на партијата дека тие се тие што влечат напред, од другата страна е само зло и итн. Веројатно мудар политичар сега во наредните десет дена ќе се посвети на реалните проблеми со кои што граѓаните се соочуваат на локални ниво, а не на стравот од европските интеграции. За нас европските интеграции се неостварливи поради други причини, а не заради локалните избори. Резултатот кој ќе се испорача на 31 октомври ќе се однесува на локалната власт“, вели Дујовски.

Според него, се работи за политичка изјава на лидер на партија која е несомнено поразена во првиот изборен круг и ако се сумираат резултатите ќе видиме дека ВМРО-ДПМНЕ се поврзува со своето постојано гласачко тело, а СДСМ за жал, како што наведува Дујовски, не успеало да ги прилагоди политиките на граѓаните кои што не се нивни строги гласачи. Дујовски смета дека изјавата треба да се земе со резерва, бидејќи се обраќа на една целна група, но факт е дека СДСМ мора поинаку да се организира.

Целиот текст на следниов линк:
https://www.slobodnaevropa.mk/a/%D1%81%D0%B4%D1%81%D0%BC-%D0%B2%D0%BE-%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%BA%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D1%81%D1%82-%D1%81ee-%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%B2-%D0%BE%D0%B4-%D0%B2%D0%BC%D1%80%D0%BE-%D0%B4%D0%BF%D0%BC%D0%BD%D0%B5-/31522560.html