Заташкување на трагите од можните малверзации на Државна лотарија или влегување од грешка во грешка, констатира РСЕ.



РСЕ: Државна лотарија ќе функционира и од ресторан за свадби!?

Од пред неколку дена, Асмир Јахоски, Газдата на „Пуцко Петрол“ и син на поранешниот градоначалник на општина Пласница и актуелен пратеник од редовите на ДУИ, Исмаил Јахоски е нов сопственик на „Хеј ДООЕЛ“, компанија која склучи договор за закуп на деловни простории со Државна лотарија во скопско Визбегово тежок над 2,6 милиони евра.

Промената на сопственоста е извршена во Централниот регистар на 26 октомври 2023 година. Пријавата за бришење на досегашниот сопственик, Армин Машовиќ е поднесена на 20 октомври, стои во електронската база на Централниот регистар во делот за упис на промени.

Временски, тоа е само два дена подоцна откако РСЕ објави дека 33 годишниот скопјанец за неколку месеци ја формирал „Хеј ДООЕЛ“, ги купил деловните простории во поранешниот ресторан за свадби „Фестина“ и потоа склучил договор со Државна лотарија за закуп на истите за сума од над 2,6 милиони евра.

Останува нејасно зошто Асмир Јахоски, газдата на „Пуцко Петрол“ влегува во „Хеј ДООЕЛ“ во време кога компанијата и нејзиниот управител се предмет на интерес на Обвинителството и Финансиската полиција за склучениот договор за закуп со Државна лотарија.


Ќе има ли одговорност за „ГРУБИ грешки во чекори на Државна лотарија“ или ќе успее заташкувањето на целата афера? – прашува Радио Слободна Европа.